Од тепихот често може да се рашират непријатни мириси, без оглед на тоа што редовно го вакумирате.

Домашните миленици, дамките од пијалоците или храната, се само некои од главните „виновници“ за непријатните мириси.

Иако индустриските средства за чистење теписи може да се купат во аптеките, треба да се има на ум дека тие се полни со хемикалии и дека обично се многу нездрави.

Сепак, природен освежувач за теписи можете сами да направите дома, со помош на зачините кои секако ги имате во кујната. Освен што ефикасно ги отстранува непријатните мириси од тепихот, овој освежувач ќе го исчисти и.

Свежина и пријатен мирис ќе се почувствува низ целиот дом.

Компоненти:

  •  една кафена лажичка цимет
  • една лажичка мелено каранфилче
  • три лажици сода бикарбона
  • една кафена лажичка сушени билки (лаванда или рузмарин)

Подготовка:

Во длабок сад измешајте ги сите состојки и прелијте ги по целиот тепих во мали количини. По 20-30 минути исчистете го тепихот со правосмукалка.