Православната црква на 27 октомври го слави големиот празник – Преподобната Мајка Параскева, во народот позната како заштитничка на жената, сиромашните и болните.
Светиот петок е многу почитуван и ценет кај верниците, особено кај жените чиј заштитник се смета.
Верниците и се молат за помош и спас од болести и други животни неволји.
- Верувања и обичаи на Велики петок
Според многубројните собрани сведоштва, св.Петка на верниците им се појавува навечер во сон, но и во реалноста, каде најчесто ја гледаат како „жена во црна наметка“. Преподобната Мајка Параскева обично ги теши и смирува доколку и покажат почит и ја посетат нејзината црква.
Понекогаш им носи вести за исцелување, но делува и како гласник на несреќата и ги предупредува да го прекинат постот во петок или да прават работи во недела.