До крајот на октомври, компанијата Фејсбук треба да има ново име, објавија американските ИТ медиуми.
Ако може да им се верува на нивните извори, компанијата сака да се концентрира на изградба на нов идентитет, што ќе биде во согласност со штотуку најавените инвестиции во метаверзата.
Промената на името на компанијата ќе биде глобално објавена на годишната конференција Facebook Connect, која се организира оваа година на 28 октомври (четврток).
Новата компанија ќе биде над социјалната мрежа Фејсбук, Инстаграм, Ватсап, Месинџер, Окулус и други Фејсбук услуги на компанијата, а Марк Закерберг е желен да биде запаметен по нешто уште поголемо од „обичната социјална мрежа“.