Фејсбук планира да го намали присуството на политичка содржина на профилите на корисниците, откако беа укинати „исклучителните“ безбедносни мерки спроведени за време на изборите во САД минатата година, изјави Ник Клег, потпретседател на компанијата за глобални прашања и комуникации.
Клег истакна дека корисниците изразиле желба да видат „повеќе пријатели и помалку политика“.
Промената на правилата доаѓа откако свиркачот Франсис Хоген, поранешна вработена во Фејсбук, и откри на јавноста дека компанијата „намерно крие витални информации од јавноста“ и „купува профит со нивната безбедност“.
Одговарајќи на овие обвинувања, Клег рече дека не е точно дека компанијата ги укинала сите мерки за заштита веднаш по американските избори и дека сега се работи на дополнителна работа за да се намали политиката на мрежите.
–Едноставно, не е точно да се каже дека ние веднаш ги укинавме тие мерки, туку ги задржавме повеќето до инаугурацијата. Некои пак, ги сочувавме генерално, па затоа не им препорачуваме на луѓето граѓански и политички групи, рече Клег.
Компанијата Фејсбук не е одговорна за животот на луѓето, но сепак ќе стори сé за да го подобри, рече потпретседателот на компанијата.
–Не можеме да го направиме животот на секого совршен со магично стапче. Она што можеме да го направиме е да ги подобриме нашите производи, така што нашите ќе бидат што е можно посигурни и удобни за употреба.