Светската здравствена организација (СЗО) за првпат одобри употреба на вакцина против маларија кај деца во субсахарска Африка и други региони каде што е распространета маларијата.
Препораката се базира на резултатите од пилот-програмите во Гана, Кенија и Малави, каде што повеќе од 800.000 деца ја примиле оваа вакцина од 2019 година.
–Користењето на оваа вакцина, покрај постојните методи за спречување на маларија, може да спаси десетици илјади млади животи секоја година, рече генералниот директор на СЗО, д-р Тедрос Аданом Гебрејесус.
Маларијата е водечка причина за смрт кај децата во субсахарска Африка. Повеќе од 260.000 деца во Африка починаа од маларија во 2019 година.