Никола Тесла е најпознат по неговиот придонес во дизајнот на електричниот систем на наизменична струја, но покрај тоа, неговото име е на околу 300 патенти на различни пронајдоци.
Во текот на својот живот, Тесла постојано работеше на проекти и честопати ги реализираше до крај. Имал и чудни навики како спиење само два часа.
Сепак, она што го постигнал немало да биде возможно без строг сет на правила за зголемување на продуктивноста.
Размислете добро пред да направите нешто
Никола Тесла честопати велел дека може да замисли машини и тој ретко правел цртежи пред да започне со работа на нивната конструкција.
Овој процес на визуелно размислување не е вообичаен за сите луѓе, но идејата е едноставно да се концентрираме на финалниот производ.
За креативно размислување, често е неопходно да се опуштите и да работите на проблемот во вашата глава.
Во својата автобиографија, Тесла го опишува процесот на следниов начин:
-Мојот метод е различен. Не брзам со конкретна работа. Кога ќе добијам идеја, веднаш започнувам да градам во мојата имагинација. Ја менувам конструкцијата, правам поправки и работам со машината во мојата глава. За мене е сосема неважно дали ја тестирам турбината во главата или во работилница. Забележувам дури и ако не работам добро. Нема разлика, а резултатот е ист.
Големиот научник не е роден со овие вештини, туку правел одредени вежби како дете со цел да ја подобри работата на мозокот.
Одете на прошетка
Познато е дека одењето на кратка прошетка има свои предности кога е во прашање креативноста. Се чини дека и Тесла го има ова мислење, и иако неговите прошетки станаа дел од неговото опсесивно-компулсивно однесување, тој имаше неколку „еурека“ моменти за време на истите.
Еден од нив му ја донесе идејата за наизменична струја.
Во 1881 година, Тесла се пресели во Будимпешта, опоравувајќи се од нервен слом, и додека шеташе во паркот со пријател, кој рецитираше поезија, одеднаш доби идеја за наизменична струја.
Работете сами на проблемите
Како и многу иноватори и креативни ликови, Тесла се залагаше за тезата дека треба да се биде сам за време на создавањето и размислувањето.
Ова е еден од неговите познати цитати:
–Умот е поостар и поконцентриран во осаменост и непрекината осаменост. Не е потребна голема лабораторија за размислување. Оригиналноста доаѓа од осаменост ослободена од влијание што го оштетува нашиот креативен ум. Бидете сами, тоа е тајната на пронаоѓачот, бидете сами, тогаш идеите се раѓаат.