СЗО во соработка со ООН подготвуваат кампања за подигање на свеста кај луѓето за заштита од корона вирусот во период на летни одмори.
Забележително е дека луѓето кои се на одмори често прават отстапки непридржувајќи се до мерките за здравствена заштита.
Тоа го зголемува ризикот за поголема и пообемна трансмисија на вирусот.
Мотото под кое се води кампањата гласи: „Вие сте на одмор ама корона вирусот не е“ а граѓаните се потсетуваат на основните правила за здравствена заштита.