Секој прв петок од месец август се прославува како Интернационален ден на пивото.

Од 2007 до 2012 како Интернационален ден на пивото се славел токму 5ти Август, но од 2012 па до денеска, секој прв петок во месец август се празнува како „Ден на пивото“.

Ова година 7ми Август низ 80 земји од 6 континенти ќе се празнува „Интернационален ден на пивото“.

Идејата со овој празник е:

  • Да се ​​соберат со пријателите и да уживаат во вкусот на пивото.
  • Да ги славиме оние што се одговорни за подготовка и служење пиво.
  • Да се ​​обедини светот под знамето на пивото, со тоа што ќе го славиме пивото на сите нации заедно во еден ден.