Дебелината не мора да произлегува од внесување премногу храна во телото, покажа студија на американски научници кои „епидемијата на дебелина“ во Америка ја припишуваат на преработените јаглехидрати, кои предизвикуваат хаос во метаболизмот.
Според група експерти, предводени од Дејвид Лудвиг, ендокринолог од Харвард и Бостонска детска болница, вистинскиот проблем не е во конзумирањето прекумерна количина на храна.
Тие веруваат дека главните виновници за дебелината се „модерните навики во исхраната кои се карактеризираат со прекумерна потрошувачка на храна со висок гликемиски индекс, особено обработени, брзо сварливи јаглехидрати“.
Тие објаснија дека конзумирањето на големи количини преработени и скробни јаглехидрати влијае на голем број хормонални и метаболички промени, што во телото резултира со складирање на вишок енергија во форма на маснотии.
Која храна предизвикува дебелина?
Научниците тврдат дека квалитетот на храната што човек ја консумира, а не нејзината количина, ќе влијае на тоа дали поединецот ќе се здебели и на крајот ќе развие дебелина.
Типични примери се помфрит, печен компир, бело тесто и ориз, житни снегулки и засладени пијалоци.