Во современиот свет, вообичаено е луѓето да ги користат своите телефони пред спиење, па дури и да ги држат под перница за време на спиењето.
Но, колку е опасно за вашето здравје да спиете со мобилен телефон до вас?
На почетокот на ерата на мобилните телефони, многу лекари и научници истакнаа дека зрачењето што го емитуваат овие уреди може да придонесе за развој на рак.
Сепак, докази за поддршка на оваа теорија никогаш не се пронајдени.
Пред да се појават на пазарот, денешните паметни телефони се подложени на опсежно тестирање за да ги добијат потребните безбедносни сертификати.
Во секој случај, треба да се биде внимателен, особено навечер, смета Антон Јастрепчев, директор на лабораторијата „Екоспејс“, компанија посветена на грижата за животната средина.
– Треба да се напомене дека штетата предизвикана од телефоните се уште не е целосно проучена. Општо правило е да не спиете гушкајќи го гаџетот. Не ставајте го под перницата или до креветот – изјави инженерот за „Спутник“.
Според Јастрепчев, повеќето уреди се сертифицирани за изложеност на растојание од половина метар.
На оваа дистанца, нивното влијание врз здравјето е минимално.
Од таа причина, се препорачува да не го држите телефонот близу до главата, нагласува тој.
Специјалистот исто така препорачува употреба на безжични слушалки за да се избегне интензивен контакт на телефонот со главата.