Доколку и вие имате проблем со рано станување, прочитајте во продложение како да си го олесните.
Направете си план за утрата
Разбудете се, вежбајте и јадете во исто време секој ден. Најчесто проблемите со станувањето рано наутро се јавуваат поради викендите и одморите.
Затоа, потребно е и за викендите да станувате рано, дури и кога сте останале до подоцна претходната ноќ.
Користете паметен аларм
Секое утро, користете различна музика за будење и симнете посебна апликација којашто нема класиченo snoozе копче коешто ќе ви дозволи да поспиете уште 5 минути.
Наместо алармот што го имате во телефонот, симнете Smart Alarm или Math Alarm.
Не спијте со затемнети ролетни
Доколку собата во којашто се будите е темна, ова ќе му прати сигнал на вашиот мозок дека уште не е време за будење.
Собата наутро треба да биде осветлена од утринското сонце.
Вежбајте
Вежбањето наутро му помага на телото да се разбуди. Затоа, важно е да одвоите време да трчате, да возите велосипед или да го прошетате кучето.
Доколку и тоа е невозможно вежбајте неколку минути во домот.