До 2 септември, речиси 35.000 жени од Велика Британија пријавиле несакани ефекти во форма на нарушени менструални циклуси по вакцинирањето против „Ковид -19“ – пишува Јутарњи.хр.
Покрај нередовните периоди, тие исто така пријавиле болни периоди, а за повеќето жени, сe се вратило во нормала по еден до два циклуса. Пријавените проблеми се поврзани со вакцините Pfizer, AstraZeneca или Moderna, пренесува Daily Mail.
Сепак, британското медицинско списание BMJ посочува дека треба да се спроведат повеќе истражувања за да се потврди врската. MHRA сe уште не ја прифати врската помеѓу вакцините и менструалните нарушувања.
Д-р Викторија Мале, предавач по репродуктивна имунологија на Империјал колеџ во Лондон, истакнува дека промената во менструалниот циклус може да биде предизвикана од имунолошкиот одговор на телото на вакцината – исто како што е случај со ХПВ вакцината.