Членовите на легендарната шведска поп група АBBA ги изненадија фановите ширум светот во четвртокот објавувајќи дека снимиле нов албум по 40 години.
„Имаме нов албум“, изјавија Бјорн Улвеус (76) и Бени Андерсон (74), кои заедно со Ани-Фрид Лингштад (75) и Агнет Фалтски (71) беа членови на една од најуспешните групи во историјата.
Новиот албум, на ABBA се вика Voyage, излегува на 5 ноември и се состои од 10 нови песни снимени во студиото на Андерсон во Лондон.