Виагра може да се користи за заштита на срцето и спасување животи, пренесува The Sun.
Препознатливата сина пилула, исто така, има помалку популарна намена.
Имено, може да биде корисно во борбата против аритмијата, ако им се верува на научниците од Универзитетот во Манчестер.
Аритмиите не се невообичаени и се јавуваат како резултат на срцев удар или срцеви заболувања, а исто така може да бидат предизвикани од вирусни инфекции, рекреативни лекови и алкохол.
Некои форми на аритмија може да предизвикаат срцев удар или срцев застој.
Споменатата студија беше спроведена на овци.
–Веруваме дека ова откритие може да биде важно за луѓето, вели д-р Дејвид Хачингс, еден од учесниците во студијата.
-Човечкото срце е приближно со иста големина како овчо, а анатомијата е слична – објасни докторот.
Метин Авкиран, професор во Британската фондација за срце, рече дека ова знаење може да го отвори патот за превенција и третман на срцеви аритмии.
–Потребни се дополнителни истражувања пред Виагра да се користи како лек за срце, рече тој.