Кинескиот технолошки магнат Џек Ма рече дека е „благослов“ за секој да биде дел од таканаречената „996 работна култура“- каде што луѓето работат од 9 до 21 часот, шест дена во неделата.
Сега, кинеските власти издадоа остро потсетување до компаниите дека таквите работни распореди се всушност незаконски.
Во заедничката изјава објавена минатиот четврток, највисокиот суд во Кина и министерството за труд детализираа 10 судски одлуки поврзани со работни спорови, од кои многумина вклучуваат работници принудени да работат прекувремено.
Случаите опфаќаа различни сценарија во широк спектар на сектори, од технологија до медиуми и градежништво.