Свети Мирон потекнувал од угледно и богато семејство, нежно и кротко по природа, богољубиво и филантропско, и водел живот богоугоден.
Свети Мирон Ахајски е христијански светец во форма на свештеномаченик, од 3 век.
Роден е околу 201 година во регионот Ахаја, за време на царот Дециј Трајан.
Поради неговата христијанска вера, тој бил мачен и починал во градот Кизик околу 250 година.
Во времето на царот Декиј, имало голем прогон на христијаните. На самиот Божиќ, војската упаднала во црквата каде што Мирон служел литургија, го изнел свештеникот пред светилиштето и почнал да го мачи, барајќи да се откаже од својата вера.
Мачењето на овој светец било страшно – прво го запалиле (легендата вели дека го спасил од огнот ангел што му се појавил и го заштитил), а потоа почнале да му ја кинат кожата, дел по дел.
Мачениот Мирон, без оглед на тоа што претрпел страшна болка, не клекнач на колена и дури во еден момент фатил парче од сопствената кожа и со тоа го удрил римскиот судија во лицето.