Јадранот е солен како и секогаш, но сега соленоста е поголема, покажуваат резултатите од истражувањето на хрватските и италијанските научници, објавени во престижниот весник Frontiers by Marine Science. Заедно со климатските промени, овој феномен може да доведе до колапс на рибарството, предупредуваат научниците.
Една од главните причини за зголемување на соленоста е скокот на температурата на морето.
Ова исто така влијае на пристигнувањето на видовите риби кои живеат во потоплите мориња.
Овие видови влегуваат во источниот Медитеран од Црвеното Море преку Суецкиот канал, и стигнуваат до Јадранското Море со струи, вели Ивица Вилибиќ од Институтот Руѓер Бошковиќ.
–Ненадејното зголемување на соленоста од 2017 година делумно е предизвикано од климатските промени и делумно од природните промени во циркулацијата во Јонското Море.
Уште во 2017 година, кога концентрацијата на повеќе од 39 промили сол во морската вода беше измерена во Јужен Јадран и на прагот на Палагруша.
Ова беше првпат вакви високи вредности да се измерат во Јадранското Море, кое го покри површинскиот слој на морето до длабочина од триесет метри.
Научниците исто така тврдат дека зголемувањето на соленоста се „должи“ на помалиот прилив на свежа вода од реките што се влеваат во Јадранот во период од една година пред појавата на висока соленост, помали врнежи и изразен прилив на сончева енергија во морето во текот на летото и раната есен.