Џо Бајден рече дека американските војници може да останат по истекот на рокот до 31 август за да ги евакуираат сите Американци од Авганистан, и го бранеше повлекувањето, велејќи дека нема начин САД да се повлечат „без да настане хаос“.
Додека критичарите во САД и во странство го доведуваа во прашање неговото постапување со повлекувањето, претседателот во своето прво интервју пред камерите откако Талибанците го зазедоа Кабул рече дека војниците ќе останат во земјата за да ги извлечат американските државјани.
–Ако останат американски државјани, ние ќе останеме додека не ги извлечеме сите, рече Бајден за Еј-Би-Си Њуз, наведувајќи дека ќе ги слуша американските законодавци кои го притискаа да го продолжи рокот од 31 август што го одреди за финалното повлекување.