Карактерот на сексуалниот живот на еден маж е многу важен за неговата самодоверба. Мажите кои се „признаени љубовџии“ имаат многу повисоко ниво на самодоверба.
Сигурно се прашувате каков е сексуалниот живот на мажите кои „пукаат од самодоверба“ а ние ќе ви овозможиме да ѕирнете одблиску што се случува во кревет.
Редовен сексуален однос
Колку е поредовен толку е поквалитетен. Редовниот сексуален однос значи дека тој има здраво либидо кое му овозможува редовно да практикува сексуален однос.
Здравото либидо е важно за перцепцијата на мажот и неговиот однос кон самиот себе.
Добива потврда дека е добар љубовник
Ако добива потврда дека е добар љубовник тоа значи дека неговата самодоверба е на многу високо ниво. Потврдите за тоа колку е добар љубовник го мотивираат да поставува нови цели и да ги постигнува.
Неговите „перформанси во кревет“ ќе му станат нов предизвик, а неговата партнерка едноставно може да се препушти и да ужива во тоа.
Има 100% реализација
Целта на секој сексуален однос е да постои оргазам. Но не е важно само тој да има оргазам, туку и неговата партнерка, ако скоро секогаш ја доведува до врвот на задоволството, знае дека неговите сексуални перформанси се успешни.