Конзумирањето на оваа храна може да го промени составот на миома бактерии, вируси и габи кои ги населуваат нашите црева, а со тоа може да влијае и на спречување на воспалителни процеси.
Најновите наоди доаѓаат од студијата објавена во списанието Сел, спроведена од истражувачи на Универзитетот Стенфорд.
Тие сакаа да видат каков ефект може да има ферментираната храна врз цревата и имунолошкиот систем, и како тоа може да се спореди со консумирање релативно здрава исхрана полна со овошје, зеленчук, грав, цели зрна и друга храна богата со растителни влакна.
За студијата, истражувачите регрутираа 36 здрави возрасни и случајно ги поделија во групи. Едната група доби задача да ја зголеми потрошувачката на растителна храна богата со растителни влакна, додека на другата група и беше наложено да јаде многу ферментирана храна, вклучувајќи јогурт, кисела зелка, кефир, комбуха и кимчи.
Учесниците ја следеа диетата 10 недели, додека истражувачите ги следеа маркерите на воспаление во крвта и бараа промени во цревните микробиоми.
До крајот на студијата, првата група го удвои внесот на влакна, од околу 22 грама дневно на 45 грама дневно, што е приближно три пати повеќе од просечниот внес во САД.
Втората група имаше околу шест порции ферментирана храна дневно.
По период од 10 недели, ниту една група немаше значителни промени во целокупните мерки за имунолошко здравје. Но, групата која консумирала повеќе ферментирана храна покажала значително намалување на соединенијата кои предизвикуваат воспаление.
Новото истражување откри дека колку повеќе луѓе јадат ферментирана храна, толку повеќе микробиолошки видови што напредуваат во дигестивниот систем.
Научниците проценуваат дека пет проценти од новите микроби откриени во цревата доаѓаат директно од ферментираната храна што ја јаделе.
Ферментираната храна се препорачува и за ковид болните токму поради нејзините моќи да ги стабилизира воспалителните процеси во телото.