Активен профил на фејсбук на кој е достапни за јавност податоци дека неговиот сопственик и носител е љубител на ловот, денеска во група за ловџии наречена lovci sa bukulje објавил вознемирувачка фотографија, во која се гледа, како што тој интерпретира неговиот улов, кој ни повеќе ни помалку е мачка.

Согласно локацијата на која се обележил, а која е автоматски поставена од фејсбук алатка во согласност со координатите на GPS системот на нашите телефони, местото на ловење, односно малтретирање на несреќното животно е Битола.

Ставови

Кога ќе се спојат некултивираноста и нецивилизираноста на еволуциската карактеристика на хомо сапиенсот како релативно неуспешен собирач и ловец во дивината и поседувањето на пушка или оружје кое може да усмртува, како алатка на нашето време се раѓа новокомпониран ловец.
По успешниот улов на ловџиите, кои со пушка го напаѓаат живеалиштето на диви животни, а потем и сурово ги ликвидираат, обично следува пагански ритуал на играње оро околу беспомошно животно, обележување на триумфот преку „јаболко во уста“ и мерење на „храброста“ на бајата што го уловил со пушка, животното кое има само природни, еволуциски механизми за преживување, како што се мерат к*риња во војска.

Не се знае што е поголема бљувотина, чинот на ловење или чинот на прослава за уловот.

Нејсе на фотографијата се гледа како некој ловџија, очигледно квази, малтретира, убива, а потем и се фотографира со леш од дива мачка, планински рис, што е забрането со Закон за ловење, бидејќи е пред исчезнување. Толку е важно македонско обележје и реткост во однос на другите фауни што го има испечатено и на монета од 5 денари.

По многу основи е прекршен „Закон за заштита и благосостојба на животните“ и „Закон за ловство“ се надевам дека надлежните институции соодветно ќе постапат во овој случај.

Фејсбук статус на Магдалена Стојмановиќ