По првичниот увид од теренот, може да се забележи дека на одредени места огнот направил вистински пустош.

Како што го носел ветрот, така тој пеплосувал се пред себе. Па така на одредени места може да се забележат недопрени шуми, додека се околу нив е мириса на чад. Потребно е итно пошумување на теренот.

Но, податоците од пошумувањето на нови површини во Македонија, покажуваат дека тоа опаѓа во изминатава деценија.

Според податоците од Државниот завод за статистика, во 2020 година во земјата биле засадени нови дрвја на површина од 569 хектари, што е второ најниско ниво во изминатава деценија по 2017 година, кога биле пошумени 553 хектари.