Од „Пожарна Скопје“ информираат дека во во текот на вчерашниот ден на телефонскиот број 193 се пријавени вкупно 29 пожари на територијата на Скопје.
Еден од пријавените пожари е и оној кај Охис, кој вознемири и загржи голем број на граѓани поради небезбедните материи кои се обработуваат во оваа скопска фабрика.
Пожарна Скопје исто така информираше дека 7 од вкупниот број на пријави биле ЛАЖНИ и биле поднесени од несовесни граѓани кои во целата мака на пожарникарите виделе простор за забава и рекреација.
Тим на пожарникари од Скопје вчера интервенирал и на БППЗ Берово-Пехчево-Делчево.