Белата куќа го отфрли повикот на СЗО за мораториум на третата доза на вакцина продив ковид-19, велејќи дека Соединетите држави не треба да избираат помеѓу давање трета доза од вакцината на своите граѓани и донирање на вакцини на трети земји.
– Тоа е погрешна алтернатива. Сметаме дека можеме да ги направиме и двете и не мора да избираме помеѓу дополнително вакцинирање на Американците, што патем уште не е официјално предвидено, и помагање на сиромашните земји рече Џен Псаки – портпаролка на Белата куќа, коментирајќи го повикот кој СЗО го упати претходно.
САД уште немаат донесено одлука за дополнителна вакцинација, а Германија и Израел одлучија да го сторат тоа, пред се за постарите граѓани.
СЗО во средата повика да се стави крај на ревакцинацијата со трета доза, барем до крајот на септември, за да им се дадат повеќе вакцини на посиромашните земји.