Вирусот предизвикан од „Ковид 19“ не претставува директна закана за безбедноста на храната, според ажурираните податоци објавени од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), пренесуваат вестите за безбедност на храна.
Документот ги заменува привремените упатства на ФАО и Светската здравствена организација (СЗО) за коронавирусот и безбедноста на храната за компаниите за храна, првично објавени во април 2020 година.
Претходниот документ беше критикуван од тогашниот претседател на Меѓународната асоцијација за заштита на храната, Роџер Кук, за сугерирање дека коронавирусот е прашање што исто така влијае на безбедноста на храната.
Тековните податоци покажуваат дека ниту храната ниту пакувањето храна не е начин за ширење вирус како што е корона.
Короната не може да се размножува во храната или на нејзината површина, туку кај луѓето и одредени животни. Кога се наоѓа во околината, вирусот се деградира и станува помалку заразен, според новиот документ.
–Важно е да се напомене дека иако откривањето на остатоци од вирус или вирусна рибонуклеинска киселина (РНК) на пакувањето на храната и храната обезбедува докази за претходна контаминација, што не е доведено во прашање, нема потврда дека САРС-КоВ-2 или која било друга вирус што предизвикува респираторни заболувања, се пренесува преку храна или пакување храна и предизвикува болести кај луѓе кои допираат контаминирани прехранбени производи или пакување.