Апнеја (грчки απνοια, α- без, πνεειν- дишење, латински апнеја) е краткотрајно прекинување на надворешното дишење (со зачувано внатрешно дишење) или пауза при дишењето подолго од 3 и пократка од 10 секунд при што има промена во општата состојба на телото, брадикардија (забавен ритам на срцето), цијаноза (сини видливи мукозни мембрани и кожа) или бледило и хипотензија (пад на крвниот притисок).
Апнејата е придружена со одредено заситување (намалување) на кислородот во периферната крв.
Покрај фактот дека апнејата е придружен симптом на одредени болести, секој во животот понекогаш може да има апнеја во текот на ноќта, особено кога е многу уморен или по консумирање алкохол и голем оброк навечер.
Апнеја (како болест) е кога едно лице има повеќе од 5 апнеи за еден час за време на спиењето или кога збирот на апнеи или хипопнеа за еден час е поголем од 10.
Синдром на апнеја при спиење или синдром на опструктивна ноќна апнеа (англиски: Obstructive sleep apnea) е специјален ентитет на апнеја (исто така наречен и болест на спиењето) со прилично висока фреквенција кај навидум здрави луѓе.
Се проценува дека околу 5% од возрасната популација (примарно машко) е под влијание на оваа болест.