Луѓето кои имаат потреба да ве советуваат постојано и без да го побарате тоа од нив, имаат мотив тоа да го прават.
Во суштина мотивот никогаш не е ваша афирмација и унапредување, бидејќи во тој случај луѓето ќе внимаваат на количината на совет и пристап со цел да постигнат педагошка ефикасност.
Мотивот за постојано советување многу често е завист или љубомора што луѓето ја чувствуваат кон вас.
Не е тешко да се справите со пречестите совети, само треба да имате самодоверба и доследно да ги примените следните техники:
- Исклучете ги тие луѓе од разговор
Кога советувачот ќе ви се обрати и почувствувате мотив да ве обезвредни и понижи, не возвраќајте на ист начин и не му го давајте она што ќе го побара.
Вие не морате никому да се докажувате, едноставно свртете му го грбот и продолжите да разговарате со некој друг.
Едноставно не му дозволувајте на ниту еден начин да ви пријде!
- Бидете максимално љубезни
Не си дозволувајте дрскост, ароганција и безобразлук за кој истите тие што го предизвикуваат тоа кај вас, ќе успеат да ја претставаат таа слика за вас пред другите.
Тоа не смеете да го дозволите, останете доследни и љубезни со сите, а провокаторите само игнорирајте ги со насмевка.