Поголемиот дел од луѓето сметаат дека причината за неверство е отсуство на телесна блискост, сексуални активности или интима помеѓу партнерите.
Но тоа не е вистина. Телесната врска помеѓу партнерите е важна само во младоста, а во поодминатите години се помалку постои телесна врска и се повеќе има духовна врска во бракот.
Најчестите причини зошто луѓето имаат потреба од нови партнери или се осудуваат на неверство е недостатокот на комуникацијата или лоша комуникација.
Луѓето се социјални суштества кои имаат потреба од разговор, од пријателство, од доверба, од афирмација, а партнерството, поточно бракот треба да ги вклучи сите аспекти.
Доколку партнерите немаат доволна комуникација, не може да се изразат на другиот, да ги искажат своите проблеми, па и желби, ставови и мислења, тогаш сигурно одат кон целосно заладување на врската.
Отсуството на сексуалниот однос и телесната врска е последица на лоша комуникација, а не причина за лошата комуникација.
Ако комуникацијата ви се сведе на формални прашања и одговори кои имаат за цел да го организираат само заедничкиот живот, тогаш вашата врска е во декаденција.
Доволно е само да си ги преиспитате вашите чувства и ќе сфатите дека сте оладени!