Има теорија дека децата се во суштина добри, немаат лоши намери или лоши мисли. Но има и теорија дека децата понекогаш знаат да направат лоши постапки.
Тие се служат со разни техники – лажење, крадење, манипулации, малтретирање на врсници, врсничко насилство и сл.
Со тоа автоматски се укинува идејата дека човекот се раѓа како добар а станува зол поради животните искуства.
Човекот во суштина се раѓа несвесен и станува свесен во текот на животот.
Со своето искуство и образование, тој учи како да ги распознае доброто и злото и избира кое од тие две ќе го прави.
Бесмислено е да се обвинуваат децата за лошите постапки бидејќи во нивните постапки има многу генетика, околина, отсуство на воспитание и сл.
На вашите деца не им е потребна дисциплина, туку воспитание.
Работата со децата бара многу време, енергија, соодветна техника на пристап и мудрост и може да постигнете само контра ефект доколку претерано дисциплинирате, а не пружате нега, љубов и воспитание во доволна мерка.