Ако веќе не сте, можете слободно да ставите јогурт на списокот на здрава храна.
Без оглед кој вид ќе го одберете, нема да погрешите. Без разлика дали станува збор за течна или цврста состојба, без маснотии или се повеќе популарен грчки јогурт.
Покрај тоа што е вкусен и нискокалоричен оброк, на вашето тело му ги дава потребните минерали како калциум и калиум, а богато е и со протеини.
Според Си-Ен-Ен, јогуртот се добива од млеко со процес на ферментација со помош на бактериите Lactobacillus bulgaricus и Streptococcus thermophilus.
Овие два вида на бактерии се дел од пробиотските култури кои помагаат да се зачува квалитетот и вкусот на јогуртот.
Производителите често додаваат други пробиотици кои помагаат при варењето на храната и тоа често го пишуваат на етикетите.
Пробиотиците се одговорни за распаѓање на лактозата, што значи дека јогуртот може да го консумираат дури и оние за кои редовното млеко често предизвикува тешкотии во варењето на храната.
Покрај тоа што помагаат при варење, пробиотиците би можеле да играат и голема улога во помагањето на имунитетниот систем.
Интересно, јогуртите направени од полномасно млеко можат да имаат поголеми количини на заситени масти. Од друга страна, истражувањата покажуваат дека млечните масти не можат да бидат толку голем здравствен проблем како што се тврди.
Една студија открила врска помеѓу поголемиот внес на заситени масти од млеко со помал ризик од срцеви заболувања.