По благиот пораст на новозаразени со корона вирусот во Македонија, Комисијата за заразни болести денеска ќе разговара за актуелната епидемиолошка состојба и по направаните анализи и проценки можно е да одлучува за некои мерки.
Здравствените власти уверуваат дека засега имаме мирно лето и дека нема потреба од рестрикции, но поради познатите кластери од тетовско, еден од свадба, друг семејна веселба, дел од членовите на Комисијата за заразни болести сметаат дека би било добро да има забрана на таквите веселби во затворен простор.
Исто така, како што поосчуваат, би било добро да има и позасилени контроли на границите, да не се влегува во земјата без ПЦР или потврда за вакцинација.
Сепак, за сите овие прашања ќе се одлучува на состанокот кој почнува во 9.00 часот, по што ќе излезат со детални информации.
Инаку, дел од експертите во Македонија, веќе неколку дена алармираат дека бројот на новозаразени ќе почне повторно да се зголемува, доколку здравствените власти не вратат дел од рестриктивните мерки.