Шпекулациите за шеќери во овошјето, но и влијанието на зеленчукот врз зголемувањето на телесната тежина, конечно престанаа, имено, британските научници официјално објавија дека овошјето и зеленчукот можат да имаат позитивно влијание врз решавањето на проблемот со вишокот тежина, но само во ограничен степен.
Дневната потрошувачка на околу 80 грама овошје и зеленчук богати со флавоноиди, кои ги има во грозјето, јаболката, крушата, јагодите, ротквицата може да спречи зголемување на телесната тежина.
Имено, се покажа дека дневната потрошувачка на околу 80 грама овошје и зеленчук богата со флавоноиди, кои ги наоѓаме во грозје, јаболка, круши, јагоди, ротквица, може да спречи зголемување на телесната тежина и да го подобри општото здравје на една личност.
Флавоноидите се фитохемикалии или растителни пигменти кои се наоѓаат во овошјето и зеленчукот, а исто така се присутни во некои видови чаеви, вино и чоколадо.
Познати се помеѓу 4.000 и 5.000 Тие дејствуваат како антиоксиданти затоа што прифаќаат слободни радикали на кислород, што може да ја оштети ДНК.
Една од главните својства и функции на овие пигменти е тоа што тие се апсорбираат во телото, а потоа многу брзо се излачуваат од телото, придонесувајќи за детоксикација на ензимите во црниот дроб.