Потрошувачката на црвено месо го зголемува ризикот од добивање рак на дебелото црево, така што гравот, компирот, тестенините, оризот и зелените банани можат да помогнат во намалување на потенцијалната опасност.

Салата од компири

Начинот да се намали ризикот од заболување од рак на кој сме изложени секогаш кога ќе ја „свртиме скарата“ е – компир салата.

Научниците од Универзитетот во Флиндерс во Аделеид утврдиле дека скробот пронајден во ладен варен компир значително ја намалува можноста за добивање рак поврзан со потрошувачката на црвено месо.

pomfrit
Помритот содржи колема концнтрација на калории и впива големи концентрации на масло, поради што е штетен за крвните садови!

 

Д-р Џeин Винтер од Центарот за превенција од карцином „Флиндерс“ изјави дека љубителите на месото сега имаат помалку изговори за да избегнуваат компири.

 

 

 

Овој „отпорен скроб “може да го најдете и во гравот, зелените банани, оризот, тестенините и компирите, објаснува Винтер.

Интересно, има уште повеќе скроб ако загреете тестенини или компири, а потоа нагло изладете ги. Затоа, ако планирате скара, задолжително подгответе малку салата од компир на страна, советува таа.

И, тоа е одличен совет, имајќи предвид дека има сè повеќе докази кои укажуваат дека потрошувачката на црвено месо е една од главните причини за карцином на дебелото црево, односно рак на дебелото црево.

Скробот е нешто отпорен на варење сè додека не стигне до дебелото црево и таму се разградува од бактерии во процес што резултира со корисни молекули, односно се добиваат масни киселини со краток ланец.

Студијата е извршена на две групи глувци – и двајцата биле хранети со црвено месо, но само едната примила одредена доза на скроб.

После четири недели ваква диета, глувците биле прегледани на дебело црево. Се покажа дека скроб е навистина ефикасен, бидејќи немало оштетувања на дебелото црево.

Покрај тоа, скробот ја забавува ферментацијата на црвеното месо во дебелото црево, кое инаку произведува токсични метаболити со канцерогени потенцијали.

На луѓето им се препорачува да избегнуваат сланина, шунка, салама, говедско месо и голем број колбаси, бидејќи нема докази дека дури и мала количина од тоа месо не може да биде штетна.

Но, ако веќе не можете да му помогнете – не заборавајте на компирот!