Не мора да сте менаџер, па да се потрудите да создадете подобра работна атмосфера.
Напротив, преземете конкретни и едноставни чекори да си го разубавите работниот социјален простор.
Ви предлагаме неколку чекори, како да придонесете за подобра работна атмосфера:
- Бидете љубезни
Секогаш кога ќе ги видите вашите колеги љубезно поздравете ги и прашајте ги како се чувствуваат.
Тие ситни гестови на љубезност многу ќе ја подобар комуникацијата.
Добрата комуникација, пак е пресудна за добро завршена работа.
Сите работиме во тим и никој не може сам да ги заврши сите работи.
- Дарежливост
Направете домашни колачиња и понудете ги колегите. На тој начин ќе покажете на дело добра волја за соработка.
Секој знае да цени и мало внимание кое му се дава, па така и вашите колеги нема да останат имуни на вашата дарежливост.
- Помагајте
Помогнете им на вашите колеги кога тоа ќе го побараат од вас. Без разлика на тоа дали треба да се исчисти просторот или да им ја смените шифрата на корисничката сметка, никогаш не одбивајте да помогнете.
Така ќе се воспоставите како клучен фактор во компанијата и човек на кој сите прво ќе помислат кога им треба помош.