Ако сакате диетата да има успех мора да ги регулирате и вашите навики за спиење.

Идеално време за одење во кревет е 23.00 часот, но последниот оброк не треба да биде подоцна од 19.30 часот.

Најмалку треба да одделите 8 часа за сон, што значи дека треба да спиете најмалку до 7 часот наутро.

Не брзајте да појадувате и оставете неколку часа да поминат до појадокот, така што телото целосно ќе се исчисти од токсини и ќе е подготвено целосно да ја преработи метаболички храната што ќе ја внесете.

Осум часа сон е задолжителен, но не треба да спиете вкупно 8 часа со прекини или да останете будни цела ноќ, а да спиете цел ден.

ishrana
Повеќе јајца, ориз, салата, зелени продукти и овошки наместо торти и колачи, цеден лимон наместо засладени пијалоци и доволно сон!
Вашата исхрана е само мал сегмент од работа на вашето здравје, а за добро општо здравје потребно е да ги ускладите навиките за спиење, исхрана и физичка активност.

Помалку време поминувајте во лежење или седење, а повеќе користете ги справите за вежбање или нозете за пешачење.

  • Не е важно колку јадете туку што јадете

Не е исто да изедете 300 грама краставица и 300 грама свинкси месо.

Затоа не се ограничувајте на количината, јадете разновидна храна, пред се базирана на зеленчук и протеини.

  • Кафе без шеќер

Во просек нутриционистите советуваат 1 парче леб на денот и тоа леб од интегрално брашно.

Избегнувајте јагле-хидрати во сите облици, особено шеќери што ги има во индустриска храна и газирани пијалоци.

  • Јадете обилен оброк, но не земајте грицки или калорична ужина измеѓу оброците

Јадете два до три обилни оброци на растојание најмалку од 4 часа.

Но по јадење на оброкот не посегнувајте по кеса со чипс или слатки кои ќе ви ја маскираат гладта до следниот оброк.

Тие всушност најмногу дебелеат.