Веројатно постојат повеќе парови одошто има љубов. Не секој пар без разлика на тоа колку време од животот поминал заедно е среќен и ужива во љубовта.
Постои една народна изрека – Не е злато се што сјае, па затоа не треба да верувате на привид на „среќа“ кои упорно ја покажуваат некои парови.
Ви предлагаме неколку критеируми по кои ќе препознаете дека еден пар е навистина среќен:
- Брз договор
Да се направи брз договор не е прашање на совпаѓање на желби, ниту значи дека сакате исти работи, туку дека покажувате разбирање кон потребите и желбите на партнерот.
Договарањето значи дека партнерите не се себични и не мислат само на себе, туку прават и отстапки кон желбите на партнерот.
- Глатка комуникација
Немаат проблеми во комуникација, ниту некој треба да објаснува што мислел кога изговорил некој реченица.
Едноставно тие се разбираат со поглед, па зборовите и не им се нужни да си испратат љубовна порака!
- Флерт
Меѓу нив постои хемија и тие постојано флертуваат. Имаат потреба да се во близина, да се допираат, бацуваат или држат за рака.
Имаат интерни алузии за нивните „интимни и приватни“ настани. Па често ќе ги слушнете како се задеваат меѓусебно во друштво!
- Поддршка
Што и да одлучи едниот од нив, тој ќе наиде на беспрекорна поддршка.
Без разлика дали е запишување на курс по шминкање, курс по странски јазик, промена на фризура или друго важно животно прашање ќе наиде на поддршка од својот партнер без да мора да ги правда и објаснува своите избори.
Поддршката е многу важна, еден пар да опстане во среќна заедница.
- Почит
Тие немаат потреба да покажат непочитување или да го омаловажуваат својот партнер.
Напротив му покажуваат максимална почит.
Го консултираат за мислење, му се обраќаат внимателно, го сослушуваат додека зборува и дури кога имаат различно мислење, ја релативизираат тезата на партнерот на питом и прифатлив начин.
- Однос по расправии
И среќните парови имаат расправии, но начинот на кој тие излегуваат од нив е тоа што ги разликува од несреќните парови.
Среќните парови настојуваат заеднички да ги надминат несогласувањата и се почитуваат меѓусебно дури и во кавга.
Дури и кога се расправаат среќните парови не сакаат да изрекуваат тешки зборови и навреди кои нема да може да им се простат бидејќи не сакаат засекогаш да завршат со партнерот.
Сите расправии лесно ги забораваат и пребродуваат бидејќи немало зла крв и тешки зборови!