Јајцата се извор на есенцијални хранливи материи. Богати се со протеини и не содржат јагле-хидрати поради што се одлична исхрана за оние што сакаат да ја доведат линијата до совршенство.
Во предлагаме салата со јајца, зеленчук и зачини која е исклучително здрава, брзо се подготвува, хранлива е и одлична за вашето сетило за вкус!
Потребни состојки:
- 3-4 варени јајца
- 2 главици млад кромид со перца
- 2 листа марула
- маслиново масло
- јаболков оцет
- вегета и бибер
- лук во прав
Начин на подготовка:
Сварените јајца исечете ги на прстени и додадете ги во подлабок сад.
Кромидот заедно со перцата исецкајте го на ситни парчиња и додадете го во садот каде што се наоѓаат исцеканите варени јајца.
Марулата исецкајте ја што е можно поситно, додадете во садот и промешајте ги состојките.
Додадете зачини, маслиново масло, лук во прав и јаболков оцет по вкус.
Начин на послужување:
Салатата од јајца е предвидена како главно јадење и затоа може да ја послужите со прилог.
Може да користите павлака, парче сирење, парче двопек или свеж зеленчук како краставица или домат.
*Ова порција по број на калории е предвидена за 1 лице.