Сон е исклучително важен за човечкото здравје, како за физичкото, така и за менталното здравје.

Луѓето кои патат од долгорочна инсомија, може да имаат сериозно невролошко оштетување кое им ги нарушува когнитивните, емоционалните и конативните функции.

Редовниот сон и долгото спиење, ги одмора органите, ги снабдува со кислород, го регулира крвотокот, добрата работа на срцето, менаџирање на токсините и уште куп други функции.

Дека луѓето кои поголго спијат и имаат редовен сон се попаметни, ви ги даваме на увид следните критериуми:

  • Внимание 

Внимание спаѓа во конативните состојби и е одговорно за добро завршена работа.

Ако ви недостасува внимание, тоа ќе се одрази и на проценката, меморијата, заборавањето, говорот и другите когнитивни функции.

Научно е докажано дека луѓе кои подолго спијат немаат проблеми со нарушено внимание.

  • Халуцинации

Луѓето кои страдаат од ментални нарушувања како што е на пример психозата често халуцинираат.

Општо е познато дека луѓе во психоза имаат нарушен сон и спијат се на се 2-3 часа во едно деноноќје.

Науката верува дека халуцинациите се директен плод на несоницата.

Затоа за третирање на психоза меѓудругото се препишуваат аплчиња за смитување и за поттикнување на сонот.

  • Подобра меморија

Луѓето кои подолго спијат имаат подобра меморија. Не ви треба научно истражување кое ќе го потврди овој факт.

Сетете се само кога ви беше полесно да ги подготвувате испитите за на факултет – кога бевте уморни или одмори?

Ова прашање е хипотетичко, колку и да се трудите, кога не сте доволно наспиени и одморени, мозокот ви работи со помал капацитет, па затоа и потешко памтите.