За време на летните денови, омилени оброци се салатите. Покрај класичните солени комбинации со зеленчук, ви предлагаме да направите салата во која лубеницата е главна состојка.
Ќе ве изненади освежителниот вкус на лубеницата во солената верзија.
Состојки:
- лубеница
- краставица
- бело сирење
- маслиново масло
- вински оцет или балсамичен оцет
- црвен кромид
Подготовка:
Изматете маслиново масло, вински оцет или балсамичен оцет и сол.
Лубеницата и краставицата исечете ги на коцки, а црвениот кромид на прстени.
Измешајте ги состојките и прелијте со преливот. Одозгора додадете рендано бело сирење.
Оваа летна салата може да се јаде сама како оброк, а идеално одговара добро со бело месо од пилешко на скара.