Ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен и западен правец, особено во западните делови.
Попладне во североисточните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд, грмежи и засилување на ветерот. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 41 степен.
УВ иденксот ќе изнесува 8 мерни единици.
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде околу 18 степени, а максималната ќе достигне 38 степени.
Во недела и понеделник температурата ќе се намали за неколку степени, а од вторник повторно ќе биде во пораст, соопшти УХМР.
Лекарите препорачуваат луѓето со хронични заболувања и бремените жени да останат дома во интервал од 11 до 17 часот.
За сите кои работат на отворено се препорачува внес на поголеми количини на вода, воздушна и светла облека, лесна храна, без алкохол.