Министерството за внатрешни работи мината недела ги информираше граѓаните на Република Северна Македонија дека согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија објавен во Службен весник, важноста на истечените пасоши се продолжува со крајот на оваа година, односно до 31 декември 2021 година.

Според соопштението објавено на веб страната на Министерството за внатрешни работи, важно е граѓаните да знаат дека примената на овој закон на 01.07.2021 и истиот се однесува за патните исправи кои се истечени во периодот по 31 јули 2020 година, се продолжува до 31 декември 2021 година.

Имено, измената на Законот за патни исправи е направена со цел да им се излезе во пресрет на потребите на голем број наши граѓаните кои поради пандемијата, рестриктивните мерки, карантините и другите отежнати услови, во нашава земја, но и надвор од неа, во дијаспората, беа спречени навремено да ги продолжат своите документи, информираат од МВР.