Времето денеска:
Сончево и многу топло со мала до умерена облачност.
Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја.
Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови повремено и засилен западен ветер.
УВ индексот ќе изнесува 9 мерни единици.
Максималната дневна температура, денеска ќе достигне 38 степени.
Времето утре:
Сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
УВ индексот ќе изнесува 9 мерни единици.
Максималната дневна температура ќе достигне 40 степени.
Времето до крајот на неделата:
УВ индексот во четвртокот ќе изнесува 9 мерни единици, додека во петок и сабота ќе достигне 8 мерни единици.
Минималната дневна температура во просек ќе се движи од 13 до 15 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне во просек високи од 33 до 42 степени.