Од 2024 година, сите возила кои се регистрирани во ЕУ за прв пат ќе имаат црна кутија во која се запишува сè што се случило во секундите пред несреќата.
Таканаречената црна кутија бележи дури 41 податок што помага во експертиза (ЕПА)
Од следната година, сите нови автомобили во Европската унија ќе имаат задолжителна црна кутија, а од 2024 година, тоа ќе важи за сите регистрирани возила.
Црна кутија е уред што треба да ги открие најмалите детали сè што се случило во секундите пред сообраќајната несреќа.
Освен тоа што црната кутија треба да даде детална слика за настанувањето на несреќата, ќе им помогне и на автомобилските индустрии да ги унапредуваат новите серии на автомобили.
Унапредувањето е предвидено да се случи во поглед на зголемување на безбедноста при возење и елиминирање на можности од технички грешки.