Летото е период кога најмногу страдаат стапалата поради отворени обувки, поголема топлина, но и поради прашина која е во непосреден допир со кожата од стапалата кога сме полубоси.
Со болни и отечени стапала сите се соочуваме поретко или почесто во текот на летото.
Затоа ви предлагаме природни и домашни решенија за лекување на отокот од стапалата:
- Ладна вода
Држете ги стапалата во ладна вода неколку минути. Ладната вода ја смирува болката од топлината и отокот на стапалата.
- Спреј на база на ментол
Спреј на база на ментол ги лади стапалата и ја намалува болката. Секогаш кога ќе почувствувате дека стапалата ви се вжештени аплицирајте од спрејот за стопала на база на ментол.
- Држете ги во хоризонтална положба
За намалување на отокот и повлекување на болката држете ги стапалата во хоризонтална положба.
Отокот е застој на крвотокот во стапалата, па исправањето на нозете ќе го раздвижи крвотокот.
- Масажа
Правете почести масажи на стапалата во времетрање од 2-3 минути.
Масажата исто така ќе помогне за придвижување на крвотокот.