ДУИ почна да ги омекнува позициите во пресрет на најавените преговори за формирање на ново парламентарно мнозинство по илинденските празници.
Високи партиски функционери во серија изјави за медиумите покажуваат подготвеност да се откажат од идејата за премиер Албанец а како свој услов во преговорите го поставуваат почитувањето на договорите со Бугарија и Грција и напредокот во евроатланските интеграции.
Организацискиот секретар Груби, вчера во интервју за албански медиум вели дека Алијансата на Села му забила нож во грбот на првиот премиер Албанец додавајќи дека во периодот кој следи очекува да ги засилат контактите за коалицирање со СДСМ, отфрлајќи ја можноста за заедничко учество во власта со партијата Левица.
ЦК на ВМРО-ДПМНЕ му даде целосен мандат на Христијан Мицкоски кој најави дека ќе се обиде да формира влада.
Извор: Сител / Алсат М ТВ