Роденденот на српскиот научник Никола Тесла, 10 јули, стана празник во канадската провинција Онтарио.
Законот за прогласување го потпишаа претставникот на кралицата Елизабета и заменик канадскиот гувернер за провинцијата Онтарио, Елизабет Даудсвел.
Како што понатаму се наведува во соопштението, најзаслужен за овој исклучително важен настан е членот на покраинскиот парламент на Онтарио од редовите на Новата демократска партија, Том Ракошевиќ, по чија иницијатива беше изгласан законот.
Патентите на Тесла беа основа за изградба на првата хидроцентрала во светот на реката Нијагара и дека само по 25 години, сите населени места во Јужен Онтарио имаа пристап до електрична енергија.