Салатата од јајца и млад кромид може да се употреби и како прилог и како цел оброк бидејќи ги содржи сите потребни состојки – особено е богата со протеини.

Состојки:

  • 6 варени јајца
  • 200 гр мајонез
  • 3-4 млад кромид (ако не е сезона, иако за Велигден секогаш е можно да се користи праз)
  • половина лажичка сенф
  • половина лажичка сол
  • 100 гр павлака
  • бибер по вкус

Подготовка:

Исецкајте ги јајцата на поголеми парчиња. Или јајце на половина, потоа на четвртина и потоа на два или три дела, во зависност од големината на јајцето. Додадете малку сол.

Исечете го кромидот во прстени, а потоа додајте ги преку јајцата. Повторно додадете малку сол.

Додадете мајонез, павлака, сенф, малку сол и бибер.

Лесно промешајте со лажица за да не се распадне сè.

Ставете го во садот во кој ќе служите, преку фолијата (за целиот фрижидер да не се чувствува како јајца), а потоа во фрижидер најмалку половина час.