Во последните 24 часа во Србија се потврдени 287 нови случаи на коронавирус, а девет лица починаа.
Во моментот има 581 пациент во болниците во Србија. Во последните 24 часа биле тестирани 10.912 лица.
Од почетокот на епидемијата во Србија се регистрирани 712.989 случаи на коронавирус, а 6.881 лице починале.
Направени се вкупно 4.175.109 теста.
Бројот на новозаболени лица опаѓа со денови, што резултира со олеснување на мерките во Србија.
Продолжено е работното време во угостителските објекти, а надлежните велат дека сепак треба да се биде претпазлив и дека треба да се следи состојбата од ден на ден и од недела на недела за евентуално регулирање на организацијата на прославите набргу.
Градоначалникот на Белград, Зоран Радојчиќ, изјави дека животот во главниот град постепено се враќа во нормала, а тоа го покажува и организацијата на одредени спортски и културни настани.