Вкупно 76 тужби се поднесени до Уставен суд откако ДИК одлучи да ги отфрли приговорите на политичките партии.
Приговорите се однесуваа на систематизација на изборните резултати кои поради грешка во софтверот не беа навремено и точно прикажани.
Поради тоа политичките партии пројавија сомнеж не само во интерпретацијата не изборните резултати, туку и со нивно прибирање.
Секоја од партиите со поднесен приговор истакна дека несоодветната обработка на гласовите може да ги чини најмалку еден до неколку пратеници.
Освен овие политички партии, тужби за ДИК пред Уставен суд најави и Левица чии приговори беа отфрлени поради непотпишување на приговорите и неставање на печат од партијата.
Извор: МИА