Најновите истражувања покажуваат дека социјалната изолација е исто толку штетна за вашето здравје, како и другите работи на врвот на „смртоносната“ листа.
Социјалните мрежи и се помалку социјалното дружење „во живо“ со пријателите и колегите доведоа до тоа осаменоста да добие неверојатни размери.
За жал, поради епидемиолошките мерки и потребата да се одржи дистанца со луѓето, се наметнуваат нови животни стилови кои ја поттикнуваат и продлабочуваат осаменоста.
Професорот по психологија на Универзитетот Бригам Јанг, Џулиен Холт Лунстад, вели дека влијанието на осаменоста врз намалувањето на животниот век е како индивидуа да пуши 15 цигари на ден.
Затоа опкружете се со позитивни луѓе, неизбегнувајте големи собири, пронајдете го партнерот што ви одговора и почесто одржувајте контакти со вашето семејство.